Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период над 12 месеци.
Основна задача на Друштвото е да ги вложува прибраните средства на финансиските пазари со цел да оствари максимален можен принос за имателите на удели во Фондот, притоа почитувајќи ги постоечките ограничувања на вложувањата, како и потребите за ликвидност и сигурност на пласманите. Горенаведената стратегија на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот укажува на ниско ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови, а во исто време е понизок од ризикот на балансираните фондови или оние фондови кои најголем дел од средствата ги инвестираат во акции.
Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:
- - Вложувања во краткорочни и долгорочни должнички хартии од вредност со препорачан инвестициски рејтинг и без препорачан инвестициски рејтинг на издавачи кои имаат седиште во земји кои спаѓаат во групата пазари во развој согласно категоризацијата на фондот: обврзнички (основна категорија), пазари во развој/географска изложеност – Европа (подкатегорија).
- - Вложувања во депозити кај овластени банки од РС Македонија со рок на доспевање пократок од една година.
- - Вложувања во инвестициски фондови кои инвестираат во должнички хартии од вредност со специфична рочност, кредитен квалитет, валута или географска специјализација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 1,0% од нето вредноста на имотот на фондот.
КБ Инвест ОБВРЗНИЦИ |
80% |
90% |
0% |
20% |
0% |
10% |
Индикатор за синтетички ризик
Индикаторот за синтетички ризик го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на историските податоци за движењето на цената на уделот.
Главните извори на ризик за Фондот и нивното значење се прикажани во следната табела:
Пазарен ризик |
Низок |
Кредитен ризик |
Умерен |
Ризик од промена на каматни стапки |
Низок |
Валутен ризик |
Низок |
Ризик од предвремено плаќање |
Умерен |
Политички ризик |
Умерен |
Ризик од промена на даночни прописи |
Умерен |
Ризик поврзан со ликвидноста |
Низок |
Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Инвест – Обврзници во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000003236829.
1.000,00 денари
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,5% од вредноста на имотот на Фондот.
Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво во зависност од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:
- До 100.000.000,00 денари 0,19%
- Над 100.000.001,00 денари 0,17%
Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:
- До 149.999,00 денари 1,5%
- Од 150.000,00 денари до 299.999,00 денари 1,0%
- Над 300.000,00 денари 0,0%
Надоместоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 6 месеци од моментот на купување удели во Фондот.
- До 6 месеци 0,75%
- Над 6 месеци 0,00%
*Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање надоместоци за издавање на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.