КБ Инвест - Паричен

КБ Инвест - Паричен

Отворен инвестициски фонд КБ Инвест – ПАРИЧЕН

Профил на инвеститорите во Фондот

Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на краток рок без однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период пократок од 1 година.

Цели и инвестициона политика

Основна задача на Друштвото е да ги вложува прибраните средства на финансиските пазари со цел да оствари максимален можен принос за имателите на удели во Фондот, притоа почитувајќи ги постоечките ограничувања на вложувањата, како и потребите за ликвидност и сигурност на пласманите. Стратегијата на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот содржи најниско ниво на ризик.

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:

Класа А

  • - Вложувања во краткорочни и долгорочни должнички хартии од вредност на издавачи од РС Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Украина, Руската Федерација, Казахстан, Бразил, Индија, Кина, Европската Унија, и OECD;
  • - Вложувањата во должнички хартии од вредност издадени од РC Македонија, земји членки на Европската Унија и OECD може да надминат 35% од имотот на Фондот.

Класа Б

  • - Вложувања во депозити кај овластени банки од РС Македонија со рок на доспевање пократок од една година.

Класа В

  • - Вложувања во отворени инвестициски фондови со најниско ниво на ризик кои вложуваат исклучиво во депозити и должнички хартии од вредност под услов да не наплаќаат трошоци за управување повисоки од 1% од нето вредноста на имотот на Фондот.

Целна структура на портфолиото на Фондот

КЛАСА А Б В
Мин. Макс. Мин. Макс. Мин. Макс.
КБ Инвест ПАРИЧЕН 20% 65% 35% 80% 0% 10%

Податоци за ризичниот профил на Фондот

Индикатор за синтетички ризик

Низок ризик Висок ризик
< Понизок очекуван принос Повисок очекуван принос >
1 2 3 4 5 6 7

Индикаторот за синтетички ризик го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на историските податоци за движењето на цената на уделот.

Главните извори на ризик за Фондот и нивното значење се прикажани во следната табела:

Ризици поврзани со работењето Степен на влијание
Пазарен ризик Низок
Ризик од промена на каматни стапки Умерен
Кредитен ризик Низок
Валутен ризик Низок
Ризик од предвремено плаќање Низок
Политички ризик Умерен
Ризик од промена на даночни прописи Умерен
Ризик поврзан со ликвидноста Низок

Уплата на средства

Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Инвест – Паричен во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000003236732.

Минимален износ на почетно вложување

1.000,00 денари

Надоместоци за управување

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,0% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместок за депозитарна банка

На товар на имотот на Фондот, Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок од 0,17% на годишно ниво од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување.

Надоместок за издавање удели

Надоместокот за издавање удели не се наплатува.

Надоместоци за откуп и исплата

Надоместоци за откуп и исплата не се наплатуваат.