Продажба/откуп на удели

Продажба/откуп на удели

КУПУВАЊЕ НА УДЕЛИ

КУПУВАЊЕ НА УДЕЛИ ВО ФОНДОТ

Инвеститорите можат секој работен ден да достават Пристапница и Барање за купување удели заедно со неопходните прилози кон тоа барање. Пристапницата и Барањето се пополнуваат на посебен формулар изготвен од Друштвото. Формуларите може да се добијат во просториите на Друштвото и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје.

Клиентите купуваат удели според цената што одговара на вредноста на уделот на денот на купување, доколку паричните средства се уплатени до 24:00 часот во тековниот ден. Доколку паричните средства се уплатени во неработен ден, удели се купуваат според цената што одговара на вредноста на уделот наредниот работен ден (Т+1).

Уделите се врачуваат по уплата на полната продажна цена. Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд:

  • КБ ИНВЕСТ – БАЛАНСИРАН ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ, ЖИРО СМЕТКА: 300000002915662
  • КБ ИНВЕСТ – ОБВРЗНИЦИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ, ЖИРО СМЕТКА: 300000003236829
  • КБ ИНВЕСТ – ПАРИЧЕН ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ, ЖИРО СМЕТКА: 300000003236732
  • КБ ИНВЕСТ – МБИ 10 ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ, ЖИРО СМЕТКА: 300000004065209
  • КБ ИНВЕСТ – АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ, ЖИРО СМЕТКА: 300000004604529
  • КБ ИНВЕСТ – ЗЛАТЕН ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ, ЖИРО СМЕТКА: 300000004604432

На инвеститорите кои купиле удели Друштвото им издава Потврда за купување удели во рок од еден (1) работен ден, на начин кој е претходно договорен со клиентот.

МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА ВЛОЖУВАЊЕ

МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА ВЛОЖУВАЊЕ

Минимална поединечна уплата во секој од фондовите со кои управува Друштвото изнесува 1.000,00 денари.

На инвеститорите исто така им се нуди можност да уплатуваат повеќекратно, во зависност од нивните можности. Со уплаќање на износите во фондот може да се оствари и подобра просечна цена на удел (таканаречен cost averaging – за истиот износ кога е ниска цената на уделот може да се купат повеќе удели, а кога е цената висока се купуваат помалку удели, со што остварувате подобра просечна цена на уделот).

ПРОДАЖБА НА УДЕЛИ

ПРОДАЖБА НА УДЕЛИ

Секој сопственик на удели има право да бара откуп на истите и на тој начин да истапи од Фондот. Цената што одговара на вредноста на уделот се исплаќа без одбитоци, освен ако такви не се изрично предвидени со Статутот и Проспектот на Фондот.

Уделите во Фондот се откупуваат според цената што одговара на вредноста на уделот утврдена првиот нареден ден на процена по поднесување на Барањето за откуп на удели. Откупната цена на уделите се искажува како број со четири децимали.

Сопственикот на удели може во секое време да поднесе Барање за откуп на сите или одреден број удели на посебен формулар – Барање за откуп на удели, а истото може да го добие во седиштето на Друштвото.

Друштвото го исплаќа уделот во Фондот, најдоцна седум (7) дена по примањето на Барањето за откуп на удели.

На инвеститорите кои продале удели Друштвото им издава Потврда за откуп во рок од еден (1) работен ден, на начин кој е претходно договорен со клиентот.

КОНВЕРЗИЈА НА УДЕЛИ

КОНВЕРЗИЈА НА УДЕЛИ

Конверзијата на уплатените парични средства во удели се врши секој работен ден до 16:00 часот. Нето вредноста по удел е нето вредност на имотот на отворениот фонд поделена со бројот на уделите на Фондот на денот на вреднување.

Инвеститорите купуваат удели во Фондот според нето вредноста по удел на денот на купување (Т), доколку паричните средства се уплатени до 24:00 часот во работниот ден. За уплати во неработни денови, уделите се купуваат според нето вредноста по удел наредниот работен ден на вреднување (Т+1). Тоа значи дека инвеститорите купуваат удели по непозната цена односно вредност.

НАДОМЕСТОЦИ

НАДОМЕСТОЦИ

КБ ИНВЕСТ – БАЛАНСИРАН

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместокот на депозитарната банка се плаќа на годишно ниво во зависност од висината на нето-вредноста на имотот на Фондот, со примена на следниве стапки:

  • ДО 1.000.000.000,00 ДЕНАРИ 0,21%
  • ОД 1.000.000.001,00 ДЕНАРИ ДО 1.800.000.000,00 ДЕНАРИ 0,19%
  • НАД 1.800.000.001,00 ДЕНАРИ 0,17%

Надоместокот за издавање на удели се пресметува на вкупниот износ на уплатата, со примена на следниве стапки:*

  • ДО 99.999,00 ДЕНАРИ 3,5%
  • ОД 100.000,00 ДЕНАРИ ДО 499.999,00 ДЕНАРИ 3,0%
  • ОД 500.000,00 ДЕНАРИ ДО 999.999,00 ДЕНАРИ 2,5%
  • ОД 1.000.000,00 ДЕНАРИ ДО 2.999.999,00 ДЕНАРИ 2,0%
  • ОД 3.000.000,00 ДЕНАРИ ДО 4.999.999,00 ДЕНАРИ 1,0%
  • НАД 5.000.000,00 ДЕНАРИ 0,5%

Трошокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:

  • ДО 1 ГОДИНА 1,00%
  • НАД 1 ГОДИНА 0,00%

Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 1 година од моментот на купување на уделите во Фондот.

КБ ИНВЕСТ – ОБВРЗНИЦИ

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,5% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместокот на депозитарната банка се плаќа на годишно ниво во зависност од висината на вредноста на имотот на Фондот, со примена на следниве стапки:

  • ДО 100.000.000,00 ДЕНАРИ 0,19%
  • НАД 100.000.001,00 ДЕНАРИ 0,17%

Надоместокот за издавање на удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:*

  • ДО 149.999,00 ДЕНАРИ 1,5%
  • ОД 150.000,00 ДЕНАРИ ДО 299.999,00 ДЕНАРИ 1,0%
  • НАД 300.000,00 ДЕНАРИ 0,0%

Трошокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:

  • ДО 6 МЕСЕЦИ 0,75%
  • НАД 6 МЕСЕЦИ 0,00%

Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 6 месеци од моментот на купување на уделите во Фондот.

КБ ИНВЕСТ – ПАРИЧЕН

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,0% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместокот на депозитарната банка се плаќа на годишно ниво во зависност од висината на вредноста на имотот на Фондот, во износ од 0,17%.

Надоместокот за издавање на удели не се наплатува.

Трошокот за откуп и исплата на удели не се наплатува.

КБ ИНВЕСТ – МБИ 10

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,25% од вредноста на имотот на Фондот.

Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:

  • ДО 1.000.000.000,00 ДЕНАРИ 0,21%
  • ОД 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 ДЕНАРИ 0,19%
  • НАД 1.800.000.001,00 ДЕНАРИ 0,17%

Надоместокот за издавање на удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:*

  • ДО 499.999,00 ДЕНАРИ 1,5%
  • ОД 500.000,00 ДЕНАРИ ДО 1.499.999,00 ДЕНАРИ 1,0%
  • НАД 1.500.000,00 ДЕНАРИ 0,5%

Трошокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:

  • ДО 1 ГОДИНА 1,00%
  • НАД 1 ГОДИНА 0,00%

Трошоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 1 година од моментот на купување на удели во Фондот.

КБ ИНВЕСТ – АКЦИИ

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од вредноста на имотот на Фондот.

Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:

  • ДО 1.000.000.000,00 ДЕНАРИ 0,21%
  • ОД 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 ДЕНАРИ 0,19%
  • НАД 1.800.000.001,00 ДЕНАРИ 0,17%

Надоместокот за издавање на удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:*

  • ДО 499.999,00 ДЕНАРИ 3,5%
  • ОД 500.000,00 ДЕНАРИ ДО 999.999,00 ДЕНАРИ 3,0%
  • ОД 1.000.000,00 ДЕНАРИ ДО 1.999.999,00 ДЕНАРИ 2,0%
  • ОД 2.000.000,00 ДЕНАРИ ДО 2.999.999,00 ДЕНАРИ 1,0%
  • НАД 3.000.000,00 ДЕНАРИ 0,5%

КБ ИНВЕСТ – ЗЛАТЕН

* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање трошоци за откуп и исплата на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.

ЗАМЕНА НА УДЕЛИ

ЗАМЕНА НА УДЕЛИ

Секој сопственик на удели има право да бара замена на удели од еден фонд во друг управуван од страна на Друштвото преку поднесување на Барање за замена. Во тој случај Друштвото наплатува влезна и излезна провизија согласно правилата на проспектите.

КОМЕНТАРИ И ЗАБЕЛЕШКИ

Секој незадоволен вложувач во отворените инвестициски фондови под управување на КБ ИНВЕСТ АД Скопје може да поднесе жалба и поплака непосредно во седиштето на Друштвото секој работен ден во текот на работното време, по поштенски пат на адресата на седиштето на Друштвото или на е-маил адресата info@kbinvest.mk.

Жалбата и поплаката може да биде доставена и во форма на пополнет и своерачно потпишан Образец за жалби и поплаки, достапен во просториите на Друштвото и на следниот линк.

Друштвото ќе постапи по жалбата и поплаката без непотребно одлагање и ќе го достави одговорот до подносителот во хартиена форма или писмено, по пат на електронска форма, зависно од начинот на кој е доставена жалбата и поплаката.