Оваа Политика за приватност предвидува кои информации за Вас ги собираме, обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата интернет-страница или кога користите некоја услуга која ја нудиме и кои се Вашите права согласно Законот за заштита на личните податоци. Личните податоци ги обработуваме законито, правично и транспарентно во согласност со Законот за заштита на личните податоци и другите законски и подзаконски прописи кои се применуваат во нашето работење.
Контролор: Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ Инвест АД Скопје (во понатамошниот текст: КБ Инвест);
Седиште: ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50, Скопје, Република Северна Македонија
ЕМБС: 6443532
Даночен број: 4030009055739
Телефон: +389 (0)2 3204 490
e-mail: info@kbinvest.mk
Интернет-страница: www.kbinvest.mk
Со цел да обезбеди дека Вашите лични податоци се обработуваат согласно прописите за заштита на личните податоци, КБ Инвест ги почитува и применува начелата за обработка на лични податоци, односно личните податоци се:
- обработувaат согласно закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на Вас како субјект на лични податоци („законитост, правичност и транспарентност“);
- собираат само за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели („ограничување на целите“);
- соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои ги обработуваме („минимален обем на податоци“);
- точни и ажурирани, при што секогаш преземаме мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што можеби ќе бидат неточни или нецелосни, водејќи се секогаш од целите заради кои ги обработуваме („точност“);
- чувани во форма која ни овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, но не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци, или подолго од законски утврдениот рок („ограничување на рокот на чување“);
- обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).
Ги собираме и обработуваме податоците поврзани со следниве категории на субјекти на лични податоци:
- Посетители на нашата интернет-страница www.kbinvest.mk и користење на услугите преку интернет-страницата
Интернет колачињата претставуваат мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на уредот од кој сте пристапиле, а со цел негово препознавање и подобрување на Вашето корисничко искуство. Посетителот, односно корисникот на интернет-страницата може да ги сочува, ограничи или оневозможи овие колачиња. Колачињата ги регистрираат интересите на физичкото лице, неговите преференци и искуства и ја подобруваат ефикасноста на пребарувањето на информации, но притоа без можност да се идентификува конкретниот корисник. Повеќе за употребата на интернет колачињата можете да прочитате во нашата Политика за колачиња.
При посетата на нашата интернет-страница, како и користењето на формите за контакт (e-mail, online форми) можете доброволно да одлучите дали, кога и на кој начин сакате да стапите во контакт со нас. КБ Инвест ги користи податоците поврзани со посетата на нашата интернет-страница за следните цели:
- олеснување и проследување на Вашите пребарувања и едноставен пристап до потребните информации во врска со КБ Инвест и производите и услугите кои ги нудиме;
- рекламација, помош и поддршка при користењето на производите и услугите;
- реализација на наградни игри, натпревари и промотивни понуди;
- користење на услугата Мои вложувања на КБ Инвест;
- следење на навики на користење и искуство со цел подобрување на содржините на интернет-страницата;
- за цели на директен маркетинг (доколку сте се согласиле за обработка на Вашите податоци за оваа цел);
- техничко одржување и развој на интернет-страницата и услугите на КБ Инвест.
- Физички лица – клиенти, т.е. корисници на нашите услуги и производи
КБ Инвест обработува лични податоци потребни за целите на воспоставување на деловен однос, за постапување по барања на нашите клиенти, апликации, жалби и поплаки, како и за целите на исполнување на законските обврски, кога обработката е задолжителна заради исполнување на овие цели. Без податоци за идентификација, КБ Инвест не е во можност да ги обезбеди соодветните услуги и производи и да воспостави деловен однос со клиент согласно закон.
Примарен извор на лични податоци се податоците кои субјектите ги доставуваат при пополнување на Апликацијата за регистрација на клиент, а при воспоставување на деловен однос согласно закон.
Физичките лица кои поднесуваат барање за одредена услуга или производ на КБ Инвест како што се, на пример, купување или откуп на удели, замена или пренос на удели во отворените инвестициски фондови, во своите барања доставуваат информации кои содржат податоци за идентитетот на подносителот и лични податоци на други лица вклучени во барањата кои се потребни за нивнa обработка, согласно закон.
КБ Инвест овие податоци ги користи единствено за цели на работењето, а секогаш во корелација со прописите за заштита на личните податоци и едновремено со примена на сите начела за заштита на личните податоци кои се утврдени во Законот за заштита на личните податоци.
- Податоци во однос на, и во врска со деловниот однос со клиентите, како што се:
- податоци за идентификација - име, презиме, дата и место на раѓање, единствен матичен број, број на важечкиот документ за идентификација (лична карта или патна исправа);
- контакт податоци - место и адреса на живеалиште или престојувалиште, телефонски број и електронска пошта (e-mail);
- податоци за Вашата кредитна способност - економска, семејна и имотна состојба, професија, редовни и дополнителни примања, податоци за вашиот работодавач;
- податоци во врска со трансакции;
- податоци за каналите на комуникација и во врска со апликацијата на КБ Инвест што ги користите;
- податоци за контакти со КБ Инвест (барања, дописи, пофалби, жалби, поплаки и сл.).
- Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат независно од деловниот однос
Личните податоци кои ги прибираме со Вашата посета на нашата интернет-страница, или кога ќе ни испратите електронска пошта (e-mail), или телефонски ќе нѐ контактирате, се оние кои доброволно ќе одлучите да ни ги доставите, а за цели утврдени со закон, како би ни овозможиле да ја реализираме и исполниме услугата или производот кои Ви ги нудиме (на пример: име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон, електронска пошта (e-mail), податоци за вашите социјални мрежи, доколку сте пристапиле до информациите на КБ Инвест преку социјална мрежа (Facebook, Instagram, LinkedIn), податоци за потенцијалните кандидати за вработување.
- Податоци во врска со жалби, поплаки, пофалби, пријави за казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување
Лични податоци кои што ќе ги споделите со нас кога ни се обраќате со цел да нѐ пофалите, да се пожалите или да пријавите дејствие кое според Вас е казниво, неетичко, незаконито или недoзволиво, а во врска со Вашиот и/или идентитетот на тој на кого се однесува обраќањето (на пример: име и презиме, контакт податоци, содржина на барањето/дописот/пријавата која може да содржи и лични податоци за лицето за кое се однесува обраќањето, со докази и прилози и слично).
Личните податоци ги собираме преку различни канали и начини на комуникација и тоа:
- преку Ваша посета на интернет-страницата www.kbinvest.mk;
- преку формите за контакт овозможени на интернет-страницата;
- преку нашата електронска пошта (e-mail);
- преку пошта;
- преку инвестициските агенти на КБ Инвест;
- непосредно во седиштето на КБ Инвест.
Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме кога:
- воспоставувате деловен однос со КБ Инвест заради користење на нашите производи и услуги во рамки на деловните активности;
- ја посетувате и користите нашата интернет-страница;
- ја користите услугата Мои вложувања;
- ги користите формите за контакт овозможени на нашата интернет-страница;
- барате информации за производите и услугите кои ги нуди КБ Инвест;
- барате информации за Вас;
- ќе не пофалите или кога ќе се пожалите;
- пријавувате одредено сомневање за штетно однесување;
- пополнувате анкети или други форми на обезбедување на Ваше мислење;
- сте учесник во наградни игри организирани од КБ Инвест;
- сте се согласиле да Ве контактираме за цели на директен маркетинг;
- барате помош при користењето на наш производ или услуга;
- аплицирате за вработување или практиканска работа;
- согласно законските и подзаконските прописи, ќе имаме обврска за тоа.
Обработката на личните податоци во процесите на КБ Инвест поврзани со услугите и производите, вклучувајќи и оние податоци кои се достапни преку интернет-страницата на КБ Инвест се извршуваат од страна на вработени лица во КБ Инвест кои се одговорни и овластени за вршење на овие услуги и производи.
Ние во КБ Инвест не споделуваме податоци за Вас или за Вашата посета на нашата интернет-страница, на трети лица, освен во случај на:
- ангажирање на даватели на услуги, кои КБ Инвест ги ангажира како обработувачи во согласност со Законот за заштита на личните податоци единствено само доколку обезбедуваат гаранција за примена на соодветни технички и организациски мерки на таков начин на кој обработката на личните податоци ќе се одвива во согласност со овој закон и дека обезбедуваат заштита на Вашите права;
- барање на правосудните или други надлежни државни органи, институции и други субјекти и тела за вршење на нивните надлежности и тоа само во случај доколку постои законски основ.
Податоците кои за Вас ги собираме, се чуваат и обработуваат во согласност со закон не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат. Притоа, рокот на чување на Вашите лични податоци се одредува согласно закон, а во зависност од тоа за која цел ги користиме и обработуваме. На пример, можеби ќе треба да ги обработиме за да може да се одговори на Ваше прашање за одреден производ или услуга и како резултат на тоа може да ги чуваме личните податоци сè додека ги користите нашите производи или услуги. Во моментот кога ќе престане потребата од Вашите податоци, ние веднаш ќе ги избришеме или пак ќе ги анонимизираме со отстранување на сите информации кои може да Ве идентификуваат. Доколку сме побарале и добиле Ваша согласност за обработка на Вашите лични податоци и потоа Вие ја повлечете Вашата согласност, а немаме друг законски основ да продолжиме со таа обработка, ние веднаш ќе ги избришеме Вашите лични податоци, освен во случај кога со закон се утврдени подолги рокови за нивно чување и обработка.
Доколку обработката на личните податоци е потребна за исполнување на законска обврска, во таков случај рокот на чување е определен во конкретниот закон (на пример: клиентското досие на сите свои клиенти КБ Инвест има законска обрска да го чува десет години од престанокот на деловниот однос со клиентот или од датумот на извршувањето на повремената трансакција, согласно Законот за спречување перење на пари и финансирање тероризам). Во секој случај, по исполнувањето на целта заради која податоците биле обработени, а доколку не постои друг правен основ или законска обврска за чување на личните податоци, тие се бришат, уништуваат или соодветно анонимизираат.
Списокот со рокови на чување на личните податоци е составен дел на документацијата за заштита на личните податоци на КБ Инвест, а Вие како субјект на личните податоци секогаш можете да го остварите своето право на пристап во однос на тоа дали за Вас се обработуваат лични податоци и да добиете информации меѓудругото и за рокот за кој се чуваат Вашите лични податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите кои согласно закон ги користиме за одредување на тој период.
Вашите лични податоци кои се собираат преку нашата интернет-страница и другите видови и начини на комуникација, ги обработуваме само кога имаме законска причина, цел и секако правен основ за тоа. Притоа, законитоста се утврдува врз основа на целите заради кои ги собираме Вашите лични податоци, а истата се обезбедува доколку е исполнет најмалку еден од следните услови:
- Согласност - Во одредени случаи ќе ни биде потребна Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци. Во таков случај, ние може да ги користиме Вашите лични податоци само за целта за која од Вас сме ја добиле согласноста. На пример, нас ни е потребна согласност за обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг. Доколку сте се согласиле на ваков тип на комуникација и обработка, Вие имате право да ја повлечете Вашата претходно дадена согласност за примање на овие пораки за директен маркетинг во секое време на едноставен начин, по што веднаш ќе запре обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.
- Договор - Во одредени случаи обработката на Вашите лични податоци ќе биде потребна за исполнување на договор каде Вие сте договорна страна, или пак за да се преземат активности на Ваше барање пред пристапување кон склучување на договорот.
- Законска обврска - Во одредени случаи ние како контролор имаме законска обврска да ги обработуваме Вашите лични податоци, како што е на пример, случај кога воспоставуваме деловен однос со Вас како наш клиент согласно закон.
- Легитимен интерес - Во одредени случаи обработката на Вашите лични податоци ќе биде потребна и заради цели на нашите легитимни интереси. Во ваков случај, ние како отчетен и одговорен контролор, претходно правиме проценка дали нашиот легитимен интерес преовладува над Вашите интереси, а во однос на почитувањето на Вашите права и слободи. На пример, наш легитимен интерес е да ги промовираме нашите услуги и производи на нашата интернет-страница, во кој случај анализираме која содржина е прегледана од страна на посетителите на нашата интернет-страница, за да можеме да разбереме како истата се користи и да ја подобриме нејзината содржина, или пак кога анализараме кои содржини се прегледуваат најчесто и во однос на кои производи и услуги има најголем интерес, со цел легитимно да настојуваме да ги подобриме нашите услуги и производи.
Ние во КБ Инвест настојуваме секогаш да применуваме најсовремени технолошки решенија и достигнувања, со примена на технички и организациски мерки кои обезбедуваат ниво на безбедност на обработката соодветно на ризикот, а со цел Вашите лични податоци да бидат заштитени од неовластена обработка или пак нивно губење, оштетување или уништување. Грижејќи се за Вашата приватност, ние во КБ Инвест применуваме и технички мерки за превенција од интернет измами. Имено, нашата интернет-страница го користи доменот kbinvest.mk и kbi.mk. Покрај ова, КБ Инвест го користи и доменот moivlozuvanja.kbinvest.mk.
Препорачуваме, секогаш кога се најавувате или ја пребарувате нашата интернет-страница, или линк кој Ве пренасочува кон нашите домени, пред да споделите Ваши податоци да проверите дали во пребарувачот стои еден од посочените домени на КБ Инвест.
Дел од личните податоци што ги собираме за Вас може да бидат пренесени во земји членки на Европската Унија (ЕУ) или Европскиот економски простор (ЕЕП) за што КБ Инвест како отчетен контролор, ја известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а притоа продолжува да ги штити Вашите личните податоци со примена на соодветни заштитни мерки во согласност со прописите за заштита на личните податоци кои го уредуваат преносот на личните податоци.
Во случај да се јави потреба за пренос на личните податоци во други земји кои не се членки на ЕУ и ЕЕП, ние обезбедуваме заштита на Вашите лични податоци преку доследно почитување и примена на соодветни заштитни мерки за заштита во однос на обработката во врска со преносот, а во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие имате право на:
- информираност за обработката на личните податоци;
- пристап до личните податоци;
- исправка и бришење на личните податоци;
- ограничување на обработката на личните податоци;
- приговор и
- преносливост на податоците.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци на следниот e-mail: dpo@kbinvest.mk.
Друштвото нема да Ви наплати надоместок за да добиете пристап до Вашите лични податоци или да остварите некое од останатите права. Како и да е, Друштвото може да наплати разумен надоместок доколку Вашето барање очигледно е неосновано, има повторувачки карактер или е прекумерно, односно Друштвото може да одбие да постапи по Вашето барање во тие околности.
Ние може да побараме одредени информации од Вас со цел да ни помогнат да го потврдиме Вашиот идентитет и да го осигураме Вашето право на пристап до Вашите лични податоци или да остварите некое од Вашите други права. Ова е безбедносна мерка со цел да се осигураме дека личните податоци не се откриени на друго лице кое нема право да ги добие. Ние исто така може да Ве контактираме за да побараме од Вас дополнителни информации во врска со Вашето барање со цел побрзо да Ви одговориме. Се обидуваме да одговориме на сите легитимни барања во рок од еден (1) месец. Во одредени случаи може да ни биде потребно подолго време од еден месец, доколку Вашето барање е особено комплексно или имате доставено повеќе барања, за што соодветно ќе Ве известиме.
Доколку сметате дека обработката која ја вршиме на Вашите лични податоци ги прекршува прописите за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, како надлежен орган за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија, како и заштита на темелните права и слободи на физичките лица во однос на обработката на личните податоци.
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на активностите и настанатите промени согласно закон.
Доколку имате прашања или забелешки поврзани со оваа политика за приватност, испратете ни e-mail на info@kbinvest.mk или испратете ни ги по пошта на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50, Скопје, Република Северна Македонија.