Менаџмент

Менаџмент

Одбор на директори

Членови на Одборот на директори:

  • Ирена Живковиќ Зарева - Претседател на Одборот на директори
  • Владимир Јанчич - Член на Одборот на директори
  • Маја Николовска - Независен член на Одборот на директори
  • Горан Марковски- Член на Одборот на директори и Главен извршен директор
  • Андреј Пулејков- Член на Одборот на директори и Извршен директор

Ирена Живковиќ Зарева дипломирала во 1994 година на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2005 година положила правосуден испит. Од 1995 до 2003 година работи во Министерството за финансии прво како Советник за правни работи во Секторот за меѓународни финансии, а потоа и како Советник на Министерот за финансии. Од 2003 година работи во Комерцијална банка АД Скопје неколку месеци како Координатор во Секторот за правни работи, а од 2004 година до денес како директор на Дирекцијата за управување и информирање.

Владимир Јанчич е витален дел од Публикум откако се приклучи во 2003 година како член на Одборот на директори одговорен за операциите за М&А каде што активно учествуваше во сите бројни проекти на компанијата за М&А. Неговото претходно работно искуство вклучува работа на позиции во инвестициско банкарство во Банка Копер д.д. (сега Intesa SanPaolo bank d.d.), водечката словенечка банка Нова Љубљанска банка d.d. и позицијата главен финансиски директор во Петрол д.д.. Владо моментално е извршен директор на Публикум Корпфин д.о.о. и претседател на управниот одбор на Алта Скупина. Владо има широко искуство во тимско водење, финансирање трансакции и инвестициско банкарство.

Маја Николовска е роденa на 05.03.1988 во Скопје. Во 2009 година дипломира на “American College” University во Скопје, на отсек менаџмент. Во 2011 година магистрира бизнис и адмистрација (MBA) во Лондон на London School of Business and Finance. Во меѓувреме се здобива со практично искуство во Incisive Media  и Third Door Recruitment во Лондон. Од почетокот на 2012 до средината на 2014 година работи како стручен соработник во претставништво на познати мултинационални фармацевтски компании – PharmaSwiss од Швајцарија. Од 2014 година работи како менаџер за бизнис развој за фармација во Промедика ДООЕЛ Скопје.

Горан Марковски е роден 10.10.1975 во Скопје. Во 1999 година дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на отсек Финасиско-сметководствен менаџмент. Во 2002 година магистрирал на истиот факултет, на тема “Инвестициските фондови и нивните перспективи во Република Македонија”. Во 2006 година се стекнува со CFA сертификат, како и со дозвола за портфолио менаџер издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Србија. Од 2008 поседува дозвола за инвестиционен советник издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Од 1999 до 2002 година работи во Комерцијална банка АД Скопје како службеник за односи со клиенти. Од 2002 до 2005 година работи како финансиски аналитичар во КБ Брокер. Од 2005 до 2008 година работи како Директор на дирекцијата за работа со останати финансиски инструменти во Комерцијална банка АД Скопје. Во 2007 работи во Фокусинвест АД Белград како портфолио менаџер. Во 2008 година работел како Директор на дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност во Комерцијална банка АД Скопје. Член е на Одбор на директори на ГП Гранит АД Скопје и ФД Динерс Клуб Интернационал Мак АД Скопје. Со состојба на 31.12.2022 година фондот КБ Инвест - Балансиран поседува 21 771 акции од ГП Гранит АД Скопје што претставува 5,03% од НАВ на фондот и КБ Инвест - МБИ10 поседува 64 556 акции од ГП Гранит АД Скопје што претставува 9,27% од НАВ на фондот. Функцијата на Главен извршен директор на КБ ИНВЕСТ АД Скопје ја извршува од формирањето на Друштвото.

Андреј Пулејков е роден 06.11.1975 во Скопје. Во 2005 година ги завршува интегрираните студии на Факултетот за Економија и бизнис админитрација, Maastricht University, во Холандија и се стекнува со звање Магистер по економски науки. Во рамки на интегрираните студии ја завршува програмата по Европски менаџмент на Rouen Business School во Руен, Франција. Од почетокот на 2005 до средината на 2006 година работи како финансиски аналитичар во друштвото за управување со приватни фондови (private equity) DFE Partners AG од Швајцарија. Од 2007 година до денес предава(л) на две приватни високообразовни институции во Македонија на предмети од областа на економијата и финансиите. Во периодот 2007–2008 година работи на повеќе проекти финансирани од меѓународни донатори. Во 2008 година се стекнува со дозвола за инвестиционен советник издадена од КХВ на Македонија. Од 2009 година работи како портфолио менаџер во друштвото за управување со инвестициони фондови КБ Инвест АД Скопје. Во 2010 година е назначен за извршен директор на КБ ИНВЕСТ АД Скопје.