КБ Инвест - Балансиран

КБ Инвест - Балансиран

ПРОСПЕКТ И СТАТУТ БАЛАНСИРАН

ПРОСПЕКТ И СТАТУТ

Пред вложувањето во Фондот потенцијалните инвеститори се должни да се запознаат со Проспектот и со Статутот на Фондот.

Овие документи ги дефинираат условите и начинот на кој КБ ИНВЕСТ АД Скопје ќе управува со средствата на Фондот. Проспектот содржи детални информации за инвестиционата стратегија, потенцијалните ризици од вложувањата и трошоците поврзани со управувањето, како и сите други информации кои им се потребни на потенцијалните инвеститори за донесување одлука за вложување во Фондот. Пред донесување на одлуката за вложување, секој потенцијален инвеститор е должен да ги прочита одредбите од Проспектот и од Статутот на Фондот со цел да дознае за каков вид вложувања станува збор, како и за ризиците поврзани со нив.

Статутот и Проспектот на Фондот се одобруваат од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Проспект Балансиран

Статут Балансиран

ПРИСТАПНИЦА БАЛАНСИРАН

ПРИСТАПНИЦА

Инвеститорите можат секој работен ден да достават Пристапница во отворениот инвестициски фонд заедно со неопходните прилози кон тоа барање. Пристапницата се пополнува на посебен формулар изготвен од Друштвото. Пристапницата во отворениот фонд се поднесува само еднаш, и тоа при првото регистрирање на инвеститорот во Фондот. Формуларите може да се добијат во просториите на Друштвото и преку продажната мрежа воспоставена на договорна основа.

При поднесувањето на Пристапницата, доколку станува збор за физичко лице, клиентот треба да се легитимира со документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Доколку станува збор за правно лице, клиентот треба да прикаже веродостоен документ за правниот статус, согласно законските прописи, како тековна состојба од регистрацијата или друг надлежен орган.

Пристапница Балансиран

БАРАЊЕ ЗА КУПУВАЊЕ БАЛАНСИРАН

БАРАЊЕ ЗА КУПУВАЊЕ

Барање за купување на удели се поднесува при секое инвестирање на средства во Барање за купување на удели се поднесува при секое инвестирање на средства во Фондот. Купување на удели настанува во моментот на поднесување на Барање доколку претходно се уплатени средствата што се инвестираат во Фондот, односно во моментот на уплата на средствата доколку претходно е поднесено Барање за купување на удел. Доколку клиентот уплати средства без да поднесе Барање за купување удел, односно поднесе Барање за купување на удел без да ги уплати потребните средства, неговото Барање нема да се земе предвид сè додека Барањето не биде поднесено, односно неговото Барање нема да се земе предвид сè додека не се уплати потребниот износ на средства.

Барањата за купување на удел во инвестициските фондови управувани од страна на КБ ИНВЕСТ АД Скопје, инвеститорите можат да ги достават лично во седиштето на Друштвото. Пред вложувањето, а во насока на подобра информираност, потенцијалните инвеститори треба да го прочитаат Статутот и Проспектот на Фондот во кој сакаат да вложат.

Барање за купување Балансиран

БАРАЊЕ ЗА ОТКУП БАЛАНСИРАН

БАРАЊЕ ЗА ОТКУП

Барање за откуп на удели во инвестициските фондови управувани од страна на КБ ИНВЕСТ АД Скопје, инвеститорите можат да ги достават лично во седиштето на Друштвото.

Доколку поднесувате Барање за откуп на удели, потребно е приложување на документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Барање за откуп Балансиран

БАРАЊЕ ЗА ЗАМЕНА

БАРАЊЕ ЗА ЗАМЕНА НА УДЕЛИ

Секој сопственик на удели има право да бара замена на удели од еден фонд во друг управуван од страна на Друштвото преку поднесување на Барање за замена. Во тој случај Друштвото наплатува влезна и излезна провизија согласно правилата на проспектите.

Доколку поднесувате Барање за замена, потребно е приложување на документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Барање за замена