Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ ИНВЕСТ АД Скопје е основано во 2009 година. Висината на почетниот капитал на Друштвото изнесува 700.000,00 евра. Мнозински акционер во Друштвото за управување е Комерцијална банка АД Скопје.
Друштвото работи согласно одобрението за работа издадено од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија број 07-3453/11 од 19.12.2008 година.
Друштвото е запишано во Трговскиот регистар под матичен број 6443532 на 15.01.2009 година. Моментално Друштвото управува со шест (6) отворени инвестициски фондови.
Седиштето на Друштвото е на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50 во Скопје, Република Македонија.
Пречистениот текст на Статутот на Друштвото е донесен на ден 12.07.2022 година.
Депозитарна банка на фондовите со коишто управува Друштвото е Комерцијална банка АД Скопје, со седиште на ул. Васил Иљоски бр. 3, Скопје, РС Македонија и износ на почетен капитал од вкупно 2.279.067.000,00 МКД. Функцијата на депозитарна банка ја врши согласно Решение бр. 2064 од 24.03.2008 година издадено од НБРМ, а активностите за чување на имотот на инвестициските фондови надвор од територијата на РС Македонија и ги има делегирано на Nova Ljubljanska banka d.d. – Trg republike 2, 1520 Ljubljana, Slovenia (суб-депозитарна банка).
Главните извори на ризик за Друштвото и нивното значење се прикажани во следната табела:
Пазарен ризик |
Низок |
Ликвидносен ризик |
Низок |
Ризик од промена на каматни стапки |
Низок |
Ризик на друга договорна страна |
Низок |
Оперативен ризик |
Низок |