КБ Инвест – Акции

КБ Инвест – Акции

Отворен инвестициски фонд КБ Инвест – Акции

Профил на инвеститорите во фондот

Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства за период над 2 години.

Цели и инвестициона политика

Преку инвестициската стратегија се дефинираат основните финансиски инструменти во кои ќе се вложуваат средствата на Фондот и начинот на кој ќе се остварат неговите долгорочни цели. Фондот има за цел да обезбеди широка диверзификација на вложувањата по земји, сектори и валути. Тоа значи дека најголемо учество во имотот на Фондот ќе имаат сопственичките хартии од вредност на издавачи од странство. Друштвото ќе настојува да обезбеди соодветна географска, секторска и валутна изложеност врз основа на очекувањата за економскиот циклус, односно ќе применува активна стратегија на вложување.

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:

Класа А

  • - Вложувања во сопственички хартии од вредност на издавачи од странство без географски ограничувања.

Класа Б

  • - Вложувања во депозити кај овластени банки од РС Македонија со рок на доспевање пократок од една година;
  • - Инструменти на пазарот на пари кои се тргуваат на организирани пазари, издадени од издавачи од РС Македонија, како и државите членки на Европската Унија и ОЕЦД.

Класа В

  • - Вложувања во инвестициски фондови кои имаат специфична секторска и/или географска специјализација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5% од нето вредноста на имотот на фондот.

Целна структура на портфолиото на Фондот

КЛАСА А Б В
Мин. Макс. Мин. Макс. Мин. Макс.
КБ Инвест Акции 85% 100% 0% 15% 0% 10%

Податоци за ризичниот профил на Фондот

Индикатор за синтетички ризик

Низок ризик Висок ризик
<Понизок очекуван принос Повисок очекуван принос>
1 2 3 4 5 6 7

Индикаторот за синтетички ризик го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на инсториските податоци за движењето на цената на уделот.

Главните извори на ризик за Фондот и нивното значење се прикажани во следната табела:

Ризици поврзани со работењето Степен на влијание
Пазарен ризик Висок
Кредитен ризик Низок
Валутен ризик Низок
Политички ризик Умерен
Ризик од промена на даночни прописи Умерен
Ризик поврзан со ликвидноста Низок

Уплата на средства

Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Инвест – Акции во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000004604529.

Минимален износ на почетно вложување

1.000,00 денари

Надоместоци за управување

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместок за депозитарна банка

Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво во зависност од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:

  • До 1.000.000.000,00 денари 0,21%
  • Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,19%
  • Над 1.800.000.001,00 денари 0,17%

Надоместок за издавање удели*

Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:

  • До 499.999,00 денари 3,5%
  • Од 500.000,00 денари до 999.999,00 денари 3,0%
  • Од 1.000.000,00 денари до 1.999.999,00 денари 2,0%
  • Од 2.000.000,00 денари до 2.999.999,00 денари 1,0%
  • Над 3.000.000,00 денари 0,5%

Надоместоци за откуп и исплата

Надоместокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:

  • До 1 година 1,00%
  • Над 1 година 0,00%

Надоместок за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатува доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 1 година од моментот на купување удели во Фондот.

* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање трошоци за издавање на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.