Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период над 1 година.
Преку инвестициската стратегија се дефинираат основните финансиски инструменти во кои ќе се вложуваат средствата на Фондот и начинот на кој ќе се остварат неговите долгорочни цели. Фондот има за цел реплицирање на македонскиот берзански индекс МБИ 10. Стратегијата на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот содржи високо ниво на ризик.
Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:
- - Вложувања во акции на издавачи од РС Македонија кои се составен дел од македонскиот берзански индекс МБИ 10.
- - Вложувања во државни должнички хартии од вредност издадени од РС Македонија.
- - Вложувања во депозити кај овластени банки од РС Македонија со рок на доспевање пократок од една година и вложувања во отворени инвестициски фондови со најниско ниво на ризик, кои вложуваат исклучиво во депозити и должнички хартии од вредност под услов да не наплаќаат трошоци за управување повисоки од 1% од нето-вредноста на имотот на Фондот.
КБ Инвест МБИ 10 |
90% |
100% |
0% |
10% |
0% |
10% |
Индикатор за синтетички ризик
Индикаторот за синтетички ризик го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на историските податоци за движењето на цената на уделот.
Главните извори на ризик за Фондот и нивното значење се прикажани во следната табела:
Пазарен ризик |
Висок |
Кредитен ризик |
Низок |
Валутен ризик |
Низок |
Политички ризик |
Низок |
Ризик од промена на даночни прописи |
Умерен |
Ризик поврзан со ликвидноста |
Умерен |
Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Инвест – МБИ 10 во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000004065209.
1.000,00 денари
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 1,25% од вредноста на имотот на Фондот.
Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво во зависност од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:
- До 1.000.000.000,00 денари 0,21%
- Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,19%
- Над 1.800.000.001,00 денари 0,17%
Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:
- До 499.999,00 денари 1,5%
- Од 500.000,00 денари до 1.499.999,00 денари 1,0%
- Над 1.500.000,00 денари 0,5%
Надоместокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:
- До 12 месеци 1,00%
- Над 12 месеци 0,00%
* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање трошоци за издавање на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.