Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства за период над 2 години.
Преку инвестициската стратегија се дефинираат основните финансиски инструменти во кои ќе се вложуваат средствата на Фондот и начинот на кој ќе се остварат неговите долгорочни цели. Фондот има за цел да обезбеди заштита од девалвација, инфлација или дефлација преку вложување во сопственички хартии од вредност на издавачи во сегментот на производство на инвестициски и индустриски метали или индиректно преку инвестирање во ЕТФ фондови кои имаат слична инвестициска стратегија. Благородните метали и нивната употребна вредност како индустриски стоки имаат способност да ја задржат реалната вредност, односно лесно ги апсорбираат промените во општото ниво на цени и надоместоците за производство, и можат да обезбедат заштита на вложувањата посебно во услови на зголемена економска неизвесност. Предности на директното вложување во компании кои произведуваат благородни метали се избегнување на проблемите со маржите, надоместоците на складирање и на безбедносните ризици од физичкото чување на металите.
Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:
- - Вложувања во сопственички хартии од вредност на издавачи во сегментот на производство на инвестициски и индустриски метали без географски ограничувања.
- - Вложувања во депозити кај овластени банки од Република Северна Македонија со рок на доспевање пократок од една година;
- - Инструменти на пазарот на пари кои се тргуваат на организирани пазари, издадени од издавачи од РС Македонија, како и државите членки на Европската Унија и ОЕЦД.
- - Вложувања во инвестициски фондови кои имаат секторска специјализација - инвестициски и индустриски метали под услов да не наплатуваат надоместоци за управување повисоки од 2,0% од нето вредноста на имотот на фондот.
КБ Инвест Златен |
85% |
100% |
0% |
15% |
0% |
10% |
Индикатор за синтетички ризик
Индикаторот за синтетички ризик го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на историските податоци за движењето на цената на уделот.
Главните извори на ризик за Фондот и нивното значење се прикажани во следната табела:
Пазарен ризик |
Висок |
Кредитен ризик |
Низок |
Валутен ризик |
Умерен |
Политички ризик |
Низок |
Ризик од промена на даночни прописи |
Умерен |
Ризик поврзан со ликвидноста |
Низок |
Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Инвест – Златен во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000004604432.
1.000,00 денари
На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од вредноста на имотот на Фондот.
Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:
- До 1.000.000.000,00 денари 0,21%
- Од 1.000.000.001,00 –1.800.000.000,00 денари 0,19%
- Над 1.800.000.001,00 денари 0,17%
Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплата, со примена на следниве стапки:
- До 499.999,00 денари 3,5%
- Од 500.000,00 денари до 999.999,00 денари 3,0%
- Од 1.000.000,00 денари до 1.999.999,00 денари 2,0%
- Од 2.000.000,00 денари до 2.999.999,00 денари 1,0%
- Над 3.000.000,00 денари 0,5%
Трошокот за откуп и исплата на удели се пресметува на вкупниот износ на исплатата, со примена на следниве стапки:
- До 1 година 1,00%
- Над 1 година 0,00%
Надоместок за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатува доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 1 година од моментот на купување удели во Фондот.
* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање надоместоци за издавање на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.