КБ Инвест - Балансиран

КБ Инвест - Балансиран

Отворен инвестициски фонд КБ Инвест – Балансиран

Профил на инвеститорите во Фондот

Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства за период над 2 години.

Цели и инвестициона политика

Основна задача на Друштвото е да ги вложува прибраните средства на финансиските пазари со цел да оствари максимален можен принос за имателите на удели во Фондот, притоа почитувајќи ги постоечките ограничувања на вложувањата, како и потребите за ликвидност и сигурност на пласманите. Стратегијата на избор на инструменти од кои ќе се гради портфолиото на Фондот содржи средно ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или, пак, за фондовите кои инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност, а во исто време е понизок од ризикот на оние фондови кои најголем дел од средствата ги инвестираат во акции.

Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните инструменти:

Класа А

  • - Вложувања во акции на издавачи од РС Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Украина, Руската Федерација, Бразил, Индија и Кина;
  • - Вложувања во акции на издавачи од земјите членки на Европската Унија и OECD.

Класа Б

  • - Вложувања во должнички хартии од вредност на издавачи од РС Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, и Босна и Херцеговина;
  • - Вложувања во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите членки на Европската Унија и OECD;
  • - Краткорочни должнички хартии од вредност на издавачи од РС Македонија;
  • - Вложувањата во должнички хартии од вредност издадени од РС Македонија, земји членки на Европската Унија и OECD, може да надминат 35% од имотот на Фондот.

Класа В

  • - Вложувања во депозити кај овластени банки од РС Македонија со рок на доспевање пократок од 1 година;
  • - Инструменти на пазарот на пари кои се тргуваат на организирани пазари, издадени од издавачи од РС Македонија, како и државите членки на Европската Унија и OECD.

Класа Г

  • - Вложувања во инвестициски фондови кои претежно инвестираат во акции на издавачи од земјите од Југоисточна Европа, Украина, Европската Унија, OECD, Бразил, Кина, Индија, САД и Руска Федерација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5% од нето вредноста на имотот на фондот;
  • - Вложувања во инвестициски фондови кои претежно инвестираат во должнички хартии од вредност на издавачи од земјите од Југоисточна Европа, Украина, Европската Унија, OECD, Бразил, Кина, Индија, САД, и Руска Федерација под услов да не наплатуваат трошоци за управување повисоки од 2,5% од нето вредноста на имотот на фондот.

Целна структура на портфолиото на Фондот

КЛАСА А Б В Г
Мин. Макс. Мин. Макс. Мин. Макс. Мин. Макс.
КБ Инвест БАЛАНСИРАН 35% 65% 35% 65% 0% 30% 0% 10%

Податоци за ризичниот профил на Фондот

Индикатор за синтетички ризик

Низок ризик Висок ризик
< Понизок очекуван принос Повисок очекуван принос >
1 2 3 4 5 6 7

Индикаторот за синтетички ризик го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на историските податоци за движењето на цената на уделот.

Главните извори на ризик за Фондот и нивното значење се прикажани во следната табела:

Ризици поврзани со работењето Степен на влијание
Пазарен ризик Висок
Ризик од промена на каматни стапки Умерен
Кредитен ризик Умерен
Валутен ризик Низок
Ризик од предвремено плаќање Умерен
Политички ризик Умерен
Ризик од промена на даночни прописи Умерен
Ризик поврзан со ликвидноста Низок

Уплата на средства

Уплатата на средства се врши на сметката на отворениот фонд КБ Инвест – Балансиран во Комерцијална банка АД Скопје, жиро сметка: 300000002915662.

Минимален износ на почетно вложување

1.000,00 денари

Надоместоци за управување

На годишно ниво Друштвото наплатува надоместок за управување со средствата во висина од 2,5% од вредноста на имотот на Фондот.

Надоместок за депозитарна банка

Друштвото на депозитарната банка ѝ плаќа надоместок на годишно ниво во зависност од висината на вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување, со примена на следниве стапки:

  • До 1.000.000.000,00 денари 0,21%
  • Од 1.000.000.001,00 – 1.800.000.000,00 денари 0,19%
  • Над 1.800.000.001,00 денари 0,17%

Надоместок за издавање удели*

Надоместокот за издавање удели се пресметува на вкупниот износ на уплатата, со примена на следниве стапки:

  • До 99.999,00 денари 3,5%
  • Од 100.000,00 денари до 499.999,00 денари 3,0%
  • Од 500.000,00 денари до 999.999,00 денари 2,5%
  • Од 1.000.000,00 денари до 2.999.999,00 денари 2,0%
  • Од 3.000.000,00 денари до 4.999.999,00 денари 1,0%
  • Над 5.000.000,00 денари 0,5%

Надоместоци за откуп и исплата

Надоместоци за откуп и исплата на удели од Фондот (односно излезна провизија) ќе се наплатуваат доколку се повлечат инвестираните средства во рок пократок од 1 година од моментот на купување удели во Фондот.

  • До 1 година 1,00%
  • Над 1 година 0,00%

* Друштвото го задржува правото да го намали или во целост да го ослободи клиентот од плаќање надоместоци за издавање на удели со претходна писмена одлука на Одборот на директори.