КБ ИНВЕСТ - Новости/Соопштенија

Почитувани,

Согласно член 8, став 4, точка 4 од Правилникот за кадровска, техничка и организациона оспособеност потребни за основање и работа на друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови (Службен весник на РСМ број 85/2022 од 06.04.2022) Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ Инвест АД Скопје информира за следното:

- На Собранието на акционери на Комерцијална Банка АД Скопје закажано за 27.03.2026 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Инвест – МБИ 10 и КБ Инвест - Балансиран ќе гласа “за” за сите предложени одлуки и матерјали објавени на 24.2.2026 година;

- На Собранието на акционери на Алкалоид АД Скопје закажано за 30.03.2026 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Инвест – МБИ 10 ќе гласа “за” за сите предложени одлуки и матерјали објавени на 27.2.2026 година;

- На Собранието на акционери на Македонски Телеком АД Скопје закажано за 31.03.2026 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Инвест – МБИ 10 ќе гласа “за” за сите предложени одлуки и матерјали објавени на 27.2.2026 година;

- На Собранието на акционери на Реплек АД Скопје закажано за 01.04.2026 година, Друштвото како застапник на отворениот инвестициски фонд КБ Инвест – МБИ 10 и КБ Инвест - Балансиран ќе гласа “за” за сите предложени одлуки и матерјали објавени на 02.03.2026 година;

Со почит,

КБ ИНВЕСТ АД СКОПЈЕ